Бојан Маџовски со одлична партија – беше МВП во новата победа на Партизан

Македонскиот интернационалец Бојан Маџовски беше прогласен за МВП на последниот натпревар на неговиот Партизан во српскиот шампионат.

Партизан без особени проблеми славеше на гостувањето кај составот на Обилиќ со 34-26, a победата беше најавена уште по првиот дел кога тимот од Белград водеше со 18-14.

Левото крило од Македонија имаше перфектна реализација, три гола од три шута, имаше исто толку асистенции и две освоени топки.

Сега следува паузата за ЕХФ неделата, а следен предизвик за Маџовски и Партизан ќе биде дуелот со Раднички Крагујевац на домашен терен. Партизан е на првото место со осум победи на осум меча.