Оваа сезона македонскиот тим Еурофарм Пелистер игра по седми пат во Лигата на шампионите, а третпат во групната фаза.
Лани немаше освоено бодови, а последното славје датира од 8 октомври 2005 година, кога битолчани славеа против Кадетен Шафхаузен со 30-27.
Вечерва македонскиот шампион беше пред пораз од Спортинг, кој водеше со 24-21 на 70 секунди, но успеа да анулира три гола негатива.
Погодија Радивојевиќ и Борзаш набрзина, гостите имаа тајм-аут и напад, но Павле Атанасијевиќ не дозволи да заминат со полн плен и погоди за реми, 24-24.
Херојски камбек на Еурофарм Пелистер – битолчани се израдуваа на првиот бод во ЛШ!