Тимот на Охрид активно работи на формирањето на играчкиот ростер за следната натпреварувачка сезона.
Раководството на „гладијаторите“ се договори за нова соработка со голманот Бобан Ристевски и тој ќе остане и наредната сезона во составот на Стевче Алушовски.
Договорот е на една сезона, со можност да биде продолжен ако двете страни бидат задоволни од соработката.
Покрај Ристевски, голот на Охрид наредната сезона ќе го бранат и Даниел Ѓорѓески и Градимир Чаневски.
Босанскиот чувар на мрежата Берин Бркиќ, по една година во Охрид се врати во татковината и ќе брани за Слобода Тузла.