Македонскиот среден бек Бобан Каковски во продолжение од сезоната ќе има нов предизвик во кариерата.
По настапите за Радовиш, организаторот на играта ќе биде дел од кососвкиот тим Беса Каваја, каде што тренер е Реваз Чантурија.
Каковски покрај во Радовиш, своевремено беше дел од Еурофарм Работник, а во Македонија ги носеше дресовите и на Голден Арт и Металург.
На интернационална сцена настапуваше за францускиот Сант, германскиот Цвикау, како и за тимот на КИФ од Фарски Острови.
























