Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 4 коло во Лигата на Европа.
Ракометарите на Вардар ги очекува возвратниот дуел со шведскиот Кристијанштад од кој загубија минимално во минатото коло.
Арбитражата на овој натпревари, ЕХФ им ја довери на браќата близнаци Ковалчук од Молдавија, а делегат ќе биде Гркот Меимаридис.
Натпреварот меѓу Вардар и Кристијанштад е закажан за 18 ноември во 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

























