Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 1 коло на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Македонија ќе игра со домаќинот Данска на 16 јануари, а ЕХФ делегираше судии од Молдавија за оваа пресметка.
Станува збор за браќата близнаци Алексеј и Игор Ковалчук, кои ќе ја делат арбитражаа на првиот меч на Македонија.
Македонија и Данска ќе играат од 20:30 часот на 16 јануари во „Јуске Банк Боксен Арена“ во Хернинг.
























