Блесокот на Македонецот не остана незабележан – Карапалевски во тимот на колото во Асобал

Македонскиот репрезентативец Мартин Карапалевски се најде во идеалниот тим на 24 коло од Асобал лигата.

Средниот бек, кој на лето доаѓа во Охрид, одигра фантастичен натпревар за Ваљадолид во победата над Кангас од 29-23.

Карапалевски беше вистински лидер на теренот, постигнувајќи шест погодоци и носејќи ја играта на својот тим, што му донесе заслужено признание меѓу најдобрите играчи на колото.

Со овој триумф, Ваљадолид останува во трка за позициите кои водат во Лигата на Европа следната сезона, а формата на македонскиот интернационалец е важен адут во завршницата од шампионатот во тимот на Давид Писонеро.