Блесок на Петковска – Брод победи кај Дуго Село

Тимот на Брод, каде што брани македонската репрезенттивка Драгана Петковска, оствари значајна победа во 11 коло од хрватскиот шампионат.

Брод предводен од Петковска, славеше на гостувањето кај Дуго Село со 32-29 и сега има шест бода на 13 место на табелата.

Македонската репрезентативка успеа да одбрани дури 15 удари на противничките ракометарки, меѓу кои и три пенали.

Следен предизвик за Брод и Петковска ќе биде домашниот натпревар против екипата на Сплит.