Машката кадетска репрезентација на Македонија го освои 19 место на Европското првенство, по триумфот над Грција со 26-24.
Предводник на нашата репрезентација беше левото крило Марко Димовски, кој беше најдобар стрелец.
Димовски успеа да постигне 11 погодоци од 14 обиди и заслужено беше прогласен за најкорисен играч на натпреварот.
Македонија загуби на трите меча од групата од Франција, Германија и Полска, потоа во разигрувањето за пласман ги победи Италија и Украина, а загуби од Грција, додека во последните два меча за конечниот пласман загуби од Израел и на крајот и се одмазди на Грција.