Блесок на Мандиќ, Загреб го разнесе Колстад!

Хрватскиот првак Загреб ја забележа првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите, откако дома славеше против норвешкиот Колстад со 31-20. Предводен од новиот тренер Николиќ, како и од голманот Мандиќ на голот, Загреб не му даде ни најмала шанса на гостинскиот состав да се надева на нешто повеќе. Во нападот доминираа екс вардарците Моралес, Дибиров и Валчак, за кои Бергеруд немаше лек.

Колстад одржуваше резултатска рамнотежа во првите дваесетина минути кога водеше со 10-9. Но оттогаш до крајот на првото полувреме играше само една екипа на теренот во „Арена“.

Загреб предводен од голманот Мандиќ кој собра седум одбрани, направи серија од 7-0 и замина на пауза со 17-10. Колстад беше непрепознатлив, ниту Сагосен, ниту Јоханесен немаа решенија, а голманот Бергеруд имаше само една одбрана.

Како заврши првиот, така почна и вториот дел, па Загреб преку екс вардарците Валчак и Моралес стигна до плус девет, 19-10. Постот на Колстад го прекина Гулерод, но тоа не беше знак за камбек, туку за потоп на норвешкиот првак.

Домаќините лесно и рутински ја одржуваа разликата, Мандиќ продолжи да брани одлично, па немаше дилеми околу победникот на овој натпревар. Најдобри стрелци кај Загреб беа Моралес со осум и Дибиров со шест гола, а голманот Мандиќ имаше 16 одбрани. Кај Колстад се истакна Гудјонсен со 11 гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВЕСПРЕМ870121
2ПСЖ ХЕНДБОЛ860218
3СПОРТИНГ851216
4ДИНАМО БУКУРЕШТ850315
5ФУКСЕ БЕРЛИН840412
6ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР81255
7ХК ФРЕДЕРИЦИЈА81164
8ВИСЛА ПЛОЦК81073