Блесок на Македонецот во Германија: Томовски го излуде екс клубот!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски продолжува со одличните настапи во дресот на Битигхајм.

Во натпревар од 23. коло во Втора Бундес лига, Томовски и неговиот тим ја забележаа 17-тата победа сезонава, откако на домашен терен славеа против неговиот поранешен клуб Лудвигсхафен со убедливи 31-24.

Македонскиот голман беше еден од најзаслужните за триумфот на Битигхајм. Томовски натпреварот го заврши со 15 успешни интервенции (38% успешност), со што уште еднаш потврди дека е во одлична форма и еден од клучните играчи на тимот во борбата за пласман во елитата на германскиот ракомет.

По оваа победа, Битигхајм останува на лидерската позиција на табелата со четири бода предност во однос на Балинген, кој има и натпревар помалку.

Тимот на Томовски со сигурни чекори се движи кон враќање во Бундес лига, а македонскиот чувар на мрежата продолжува да биде еден од главните адути на германскиот клуб.