Блесок на Кукуловски, Брно го победи Жубри

Македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски го одигра можеби најдобриот натпревар откако е дел од чешкиот тим Брно.

Левиот бек постигна осум погодоци и беше најдобар стрелец во триумфот на Брно над Робе Жубри со 27-23.

Кукуловски во првиот дел даде три гола, а во второто полувреме постигна уште пет, дел од нив во моментите кога Брно ја градеше клучната предност.

Брно сега има 14 бода и се наоѓа на делба на второто место со Карвина и Дукла Прага кои имаат исто толку, а прв е Плзен со 15 бодови.