Машката репрезентација на Србија славеше на гостински терен кај Литванија со 33-24 во реванш натпреварот од вториот бараж за Мундијалот во Германија.
На голот на Србија одлична партија имаше Владимир Цупара со 13 одбрани, додека Дарко Ѓукиќ беше најдобар стрелец со седум гола, вардарецот Урош Митровиќ имаше три реализациии, а Борзаш не погоди ниту еднаш. Србите во третиот бараж за СП ќе игра против Унгарија.
Полска имаше негатива на полувремето со Летонија од три гола, 18-15, но во вториот дел прими само седум гола и запиша триумф со 33-25. Голманот Милош Валах имаше три одбрани, членот на Еурофарм Пелистер, Анжеј Видомски стрелаше три пати, а вардарецот Виктор Јанковски немаше реализација. Полјаците за последна пречка до Мундијалот ќе ја имаат Австрија.
Црна Гора вторпат ја победи Финска, овојпат со 30-26 и обезбеди место во третиот бараж каде ќе игра против Словенија.
Во третиот бараж се пласира и Босна и Херцеговина, која загуби кај Косово со 33-29, но имаше плус 13 гола од првиот меч, а последна пречка до СП ќе им бидат Фарски Острови.

























