Блесок на Граматова, Војводина на Будимир реди победи

Тимот на Војводина, кој е предводен од екс ракометарката на Кометал Ѓорче Петров, Андријана Будимир, а каде што игра македонската репрезентативка Пена Граматова, запиша нова победа во Србија.

Војводина славеше над Млади Радник со убедливи 30-21, иако во првиот дел се играше израмнето, 13-13.

Граматова беше најдобриот стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне осум погодоци во противничката мрежа.

Тимот од Нови Сад важи за најголем фаворит за место во елитната конкуренција за следната сезона, а во следното коло ќе игра на 4 октомври дома против Јуниор.