Блесок на Димитриоски, Ваљадолид ја сруши Уеска!

Тимот на Ваљадолид каде што играат двајцата македонски интернационалци – Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски, запиша триумф во Асобал лигата.

Предводен од македонското лево крило Димитриоски, Ваљадолид славеше со 24-21 против незгодната Уеска.

Димитриоски, заедно со Писонеро и Мартинез, беа најдобри стрелци во победничкиот состав со по пет погодоци.

Македонецот реализираше и два седмереци од три обиди и беше меѓу најзаслужните за победата која беше потврдена со подобрата игра во финишот.

Ваљадолид сега има 13 и се наоѓа на делба на петтото место на табелата во Асобал лигата, а следен предизвик ќе биде гостувањето кај Бидасоа.