Блесок на Димитриевски – го однесе Аликанте во осминафиналето на „кралскиот Куп“

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски повторно имаше одлична партија во дресот на Аликанте.

Тимот на Димитриевски ја изненади Гвадалахара, која учествува во најквалитетното натпреварување во Шпанија, триумфирајќи со 29:28.

Аликанте со победата си обезбеди осминафинале на „Кралскиот Куп“, па така самиот пласман е голем успех за клубот.

Велешанецот беше најдобар на теренот, натпреварот го заврши со девет погодоци и имаше неколку асистенции кон своите соиграчи.