Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што брани македонскиот голман Градимир Чаневски, забележа нова победа во домашното првенство.
На домашен терен, Макаби Ришон предводен од Чаневски, славеше против Аса Тел Авив со 31-25 во натпревар од 10. коло.
Чаневски имаше успешност од 50% и успеа да одбрани дури 20 удари од 40 упатени на гостинските ракометари.
За Чаневски и Макаби Ришон Ле Зион до крајот на есенскиот дел од сезоната останува уште средбата против Макаби Тел Авив на 27 декември.