Тимот на Астибо предводен од Марија Анчева со 16 погодоци, го совлада составот на Шампион со 29-25, во натпревар од 17 коло во Женската лига.
Домашните уште од стартот беа во предност, Шампион пружаше отпор, но кога и да се доближеа, Астибо имаше решенија. Во неколку наврати штипјанки имаа плус четири, но на пауза се замина со плус два, 17-15.
Кировска од Астибо и Филипова од Шампион во второто полувреме добија црвени картони по трите исклучувања, но тоа не влијаеше многу на конечниот исход.
По 24-19 за Астибо, гостинките од Скопје намалија на минус два со серија од три погодоци, 24-22, но потоа Астибо одново се одлеи и до крајот рутински ја задржа предноста.
Покрај Анчева, во тимот на Астибо се истакна Ева Манева со седум погодоци, додека кај Шампион, Ангела Петровска стрелаше осум пати.