Селекцијата на Словенија продолжува да импресионира со настапите на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, откако им се врати на победите и славеше против Унгарија со 35-32.
Иако ослабена со голем број отсуство, Словенија се издигна и по поразот од „трите круни“ запиша значаен триумф што ја остава во игра за полуфиналето пред дуелите со Хрватска и Исланд.
На табелата Шведска и Словенија имаат по четири бода, Хрватска и Исланд по два, додека Швајцарија и Унгарија се на еден бод. Против Унгарците блескаа Блаж Јанц со десет гола и Домен Тајник со четири од четири, пет пати погодија Хоржен и Слатинек Јовичич, додека исто толку дадоа Домен Макуц и Домен Новак. Бенце Имре беше прво име кај Унгарија со осум гола.
Унгарија водеше со 17-13 во финишот на првиот дел, но Словенците ја преполовија негативата пред паузата. На стартот на второто полувреме, Базник влезе во серија одбрани, словенечката одбрана беше поагресивна, за шест минути беше направен комплетен пресврт и момците на Зорман поведоа со 18-17.
Потоа полека тие ја преземаа контролата, се чувстуваше несигурноста во нападот на Унгарците, а ниту голманите Бартуц и Палашич немаа своја вечер. Во финишот беше 33-32, Унгарија играше пресинг, но два пати беа казнети преку Слатинек за 35-32 и немаше време за нешто повеќе, па се збогуваа со шансите за ТОП 4.

























