Чуварот на мрежата на Охрид, Бојан Блажески, со своите одбрани беше меѓу најзаслужните за ремито во Автокоманда во првото коло.
Охриѓани денеска ги очекува уште еден голем предизвик – гостувањето кај најтрофејниот македонски клуб, Вардар, а Блажески ги сподели очекувањата пред мечот.
„Нè чека тежок натпревар, сите ја знаеме големината на Вардар. Но, ние се подготвуваме, анализираме и мислам дека сме спремни за овој натпревар. Се надевам на уште еден позитивен резултат. Секогаш одбраната ги добива дерби натпреварите. Така ќе биде и овој пат. Се надевам дека ќе одиграме квалитетна одбрана како што одигравме во Автокоманда,“ изјави Блажевски.
Натпреварот меѓу Вардар и Охрид се игра денеска од 18:00 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.