По пласманот во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп, ракометарите на Охрид им се враќаат на домашните обврски.
Чуварот на мрежата Бојан Блажески го најави дуелот со Прилеп кој ги очекува „гладијаторите“ претстојниот викенд“.
„Напорно работевме оваа недела после успешно поминатото коло во ЕХФ Европскиот Куп. Се подготвуваме, анализираме, главен акцент на натпреварот ќе биде ставена одбраната, што ќе ни помогне во транзицијата во играта. Се надеваме на позитивен резултат“, изјави Блажески.
Натпреварот меѓу Прилеп и Охрид се игра во салата „Ристе Ристески Ричко“, в сабота со почеток од 18:30 часот.