Благотиншек: Македонците се страствени навивачи, но за вакви натпревари се живее!

Пред машката репрезентација на Македонија е голем предизвик во квалификациите за ЕП 2026 и двомеч со силната Словенија, која се соочува со големи проблеми пред патот за Скопје.

Искусниот репрезентативец на Словенија, Блаж Благотиншек, истакнадека очекува тежок натпревар во Скопје, а за македонската публика имаше пофални зборови.

,,Во Скопје очекувам тежок натпревар. Свесни сме дека арената веќе е распродадена, знаеме и дека Македонците се многу страстни навивачи. На последното Светско првенство покажаа дека се навистина голема поддршка. Но, за вакви натпревари се живее, така што веќе се радувам за тој натпревари,“ изјави Благотиншек.

Првиот меч меѓу Македонија и Словенија се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 12 март од 20:00 часот, додека вториот дуел е во Копер во салата „Бонифика“ на 16 март од 18:30 часот.

Зорман: Maкедонците ќе играат пред полни трибини, но ние сме навикнати на таква атмосфера

 

Нови проблеми за Словенија: Зорман е болен, Јанц и Макуц доаѓаат директно во Скопје…