Благојче Крстев со нов тренерски предизвик

Некогашниот македонски младински репрезентативец Благојче Крстев, ќе има нов предизвик во тренерската кариера.

Тој од лето ќе биде тренер на тимот од Луксембург, Дикирх, кој во моментов се наоѓа на деветтото место на табелата.

Крстев во тренерската кариера ги водеше машкиот тим Ојпен, женскиот тим Ејнатен во Белгија, а потоа работеше и во Келн, а со младинските тимови на Ејнатен освои три титули.

43-годишниот Крстев долго време е во Белгија како играч и остави голема трага во тимот на Ејнатен.

Тој играше до 40 години, во минатото со Ејнатен два пати играше во Лигата на шампионите, а еднаш беше и ривал на Вардар во квалификациите. Покрај за Ејнатен, играше и за грчкиот Филипос Верија, австрискиот Барнбах…

Крстев е дел од генерацијата на Лазаров, Митков, Мојсовски, Темелков…, со која настапи на Светското првенство во 1997 во Турција, како и претходно на Европското првенство во 1994 во Израел.