Стратегот Бранко Ангеловски и извршниот директор Звонко Шундовски се „добитна комбинација“ како дел од стручниот штаб на шампионот Еурофарм Пелистер. Тандемот претходно во променети улоги работеше во Констанца, а сега соработуваат и за доброто на матичниот клуб, каде имаат заедничка визија да ги вратат дома битолските играчи.
„Да, тоа е цел, амбиција. Додека бев надвор од Македонија често гледав дека има некои деца кои можат многу да дадат на клубот од кој потекнуваат, но од различни причини не биле дел од истиот или, пак, не бил моментот. Сега веќе можам слободно да кажам дека враќањето на Филип Кузмановски во Битола е нешто на што работев уште како спортски директор. Имавме неколку средби уште пред почетокот на сезонава во кои му го потенцирав токму тоа, дека сега е вистинскиот момент да се врати дома, во матичниот клуб. Но сакавме да се испочитува ликот и делото на Филип Миркуловски, кој се зазеде за Кузмановски во Вецлар. Чекавме вистински момент за да се врати во Еурофарм Пелистер и мислам дека не згрешивме. Што се однесува до Никола Митревски, со него имавме соработка во Констанца и тој памети и не заборава некои мои постапки и дела кон него и сега иако имаше понуди и од Порто за да остане, но и од клубови од Германија и Франција, тој беше дециден и кажа дека сака да се врати во Битола“, открива детали од трансферите на македонските репрезентативци, Ангеловски.
Во продолжение прочитајте го викенд-интервјуто за 24ракомет.
ИНТЕРВЈУ БРАНКО АНГЕЛОВСКИ: Името Пелистер те тера на резултат, на освојување трофеи