Битолскиот постар брат покажа сила и ја наполни мрежата на „двојката“

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со новиот тренер Стефче Алушовски покажа дека против секој тим ќе игра на победа, и тоа убедлива , а прво тоа го почувствуваа „помладите битолчани“ од Еурофарм Пелистер 2 кои загубија со 24-39 (11-18)

Немаше дилеми кој ќе победи, а вториот тим се држеше само во првото полувреме. Потоа се беше во знакот на „сениорите“ кои потоа брзо направија и двоцифрена предност.

За Еурофарм Пелистер ова се мечеви со кои почнува темпирањето на формата за последните дуели од регуларнот дел од домашното првенство и од групната фаза од Лига на шампионите. Со новите два бода остануваат на второто место со заостанување од четири бода во однос на Вардар, а еден бод имаат повеќе од Охрид.

За Еурофарм Пелистер 2 остануваа уште три кола да се избори з аместо во плејофот, но нема да зависи се од нив, туку ќе чекаат и некој кикс на Бутел и Тиквеш.

Кај шампионот со 9 гола најпрецизен беше Богдан Радивојевиќ, а шет постигна Филип Кузмановски. Давид Брестовац имаше одбрани. Во тимот на Еурофарм Пелистер 2, седум гола даде Мохамед Азиз а еден помалку Славчо Шулевски.