Младиот битолски тим на Еурофарм Пелистер 2 оствари важна победа на гостувањето во Скопје кај Голден Арт, 26-21 (13-9), па сега „зелените“ се на чекор до останување во елитата, а Голден Арт ќе “се тресе“ се до последното коло за да може да се надева на опстанок.
За Голден Арт секој меч до крај на сезоната е „да се биде или не“, и затоа мора да играа за три бода. Поразот им ги намалува шансите да останат меѓу 12-те најдобри екипи в година. По 6. коло тие се на 6. место од вкупно 8 екипи кои разигруваат за опстанок. Сега Голден Арт заостанува 12 бода зад Вардар Неготино, кој има и меч помалку. Еурофарм Пелистер 2 со новите бодови се искачи на второто место зад лидерот Прилеп.
Еурофарм Пелистер одигра одлично, пред с ево одбрана. Иако се уште го немаат повредениот пикер Самоил Ристевски, во тимот под повредата се врати Петар Маркоски на линијата од шест метри. Го понесе целиот товар на тоа место, иако уште во 15 минута го доби второто исклучување. Издража
На средбата во Скопје од самиот почеток гостите знаеја да ги искористат своите шанси и грешките на скопјани. Чудно беше на моменти како играчите на Голден Арт не можеа да „врзат“ неколку сигурни додавања, грешеа, а тоа битолчани знаеја да го искористат.
Колку што напаѓачите на домашните беа непрецизни, толку гостинскиот голман Василије Печурица блескаше меѓу стативите. Два пенали во првото полувреме, повеќе сигурни одбрани и предноста на Еурофарм Пелистер на полувреме беше 13-9. Но, гостите имаа и „плус 6“ пред крајот на првиот дел кога водеа со 12-6.
Според ваквата игра, второто полувреме требаше да биде само формалност, и така беше се до средината. Од негаатива 12-17, Голден Арт с еврати и намали на 17-18. Како најава за интересна завршница, иако во последните осум минути од средбата пелистерци имаа предност од 21-18.
Тие три гола останаа до крај на средбата, па битолчани се радуваа на важниот триумф. Ненад Белистојановски со 6 гола беше најпрецизен кај Еурофарм Пелистер 2, а пет гола дадоа Христијан Митревски. Во тимот на Голден Арт пет гола дадоа Давид Даев и Мице Шилегов