Тимот на Кичево за пролетниот дел од сезоната во Првата лига ќе биде посилен за тројца млади ракометари. Во Кичево напролет ќе играат тројцата битолчани – Благој Христовски, Марко Мулиќ и Јован Божиновски.
Христовски е лев и среден бек, беше дел од Аеродром, а претходно имаше настапи за Младост Богданци, Куманово, Драчево, а потекнува од Еурофарм Пелистер и беше своевремено најдобар стрелец во младинската лига.
Мулиќ е лев бек, главно со дефанзивни задачи, а по настапите за Еурофарм Пелистер и Струга, Кичево ќе биде трета негова станица.
Божиновски настапува на левата крилна позиција, беше дел од Металург РА, Аеродром и Голден Арт, а сега се сели во Кичево.
Со новите играчи, Кичево ќе се обиде да го подобри впечатокот од есенскиот дел од сезоната.
























