Битолчанки лесно ја минаа првата Куп пречка

Ракометарките на Пелистер без проблеми ја минаа првата Куп пречка, откако на свој терен беа убедлива над Овче Поле СУ со 33:13.

Битолчанки победата ја најавија уште во првиот дел, во кој дадоа 16, а примија само три гола, додека второто полувреме беше само рутинско одработување на задачата.

Најефикасна во победничката екипа беше Наталија Дишковска со шест гола, а ја следеше Моника Босилковска со гол помалку – пет.

Кај гостинскиот тим од Свети Николе најефикасни беа Татјана Блажевска и Мелита Петрова, двете ракометарки постигнаа по четири гола.

Пелистер за пласман на Ф4 турнирот ќе се бори против тимот на Вардар.

Куп на Македонија, жени, групна фаза:

група А
09/11,17:30, Спартак – Шампион
09/11, 15:00, Металург Автокоманда – Стружанка

група Б
09/11, 12:00, Астибо – Куманово
09/11, 16:00, Чаир – Ѓорче Петров 2

група В
09/11, 13:00, Скопје – Гевгелија
09/11, 18:30, Ѓорче Петров – Деспина

група Г
Вардар слоб.
Пелистер – Овче Поле СУ 33-13
12/02, Вардар – Пелистер