Битолчанки ја впишаа првата победа сезонава – Спартак падна пред Пелистер

Ракометарките на Пелистер конечно стигнаа до првиот сезонски триумф, совладувајќи ја екипата на Спартак со резултат 23-18 во натпревар од Супер женската лига.

Избраничките на Моника Талевска водеа во текот на целиот меч, а на полувреме имаа предност од 11-9.

Клучниот момент се случи меѓу 35. и 45. минута, кога битолчанки се одлепија на 17-10, со што ја обезбедија победата и ги задржаа бодовите во Битола.

Најзаслужна за победата беше Анастасија Тодоровска со десет погодоци, додека Даниела Шиниковска додаде уште шест.

Кај составот на Спартак, повторно најрасположена беше Зорица Андовска, која реализира девет погодоци, но тоа не беше доволно за позитивен резултат.