Битолчанки фуриозно во Гевгелија

Ракометарките на Пелистер се израдуваа на третата победа во Женската лига, откако на гостувањето во Гевгелија кај истоимената екипа триумфираа со 31:15.

Веќе при предност од 8:2 за избраничките на Корлевски, јасно беше дека домаќинките ќе имаат тешка задача да парираат.

Битолчанки на пауза имаа предност од 19:8 и според посакуваното ги одработија  вторите 30 минути.

Најефикасна во редовите на Пелистер беше Наталија Дишковска со седум погодоци, а ја следеше Јована Конева со четири реализации.

Во поразениот табор најефикасни со по пет погодоци беа Благица Ступар и Елена Димова.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА871015
2КУМАНОВО861113
3ПЕЛИСТЕР 201284048
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.82064
5ГЕВГЕЛИЈА80080