Maкадонскиот шампион Еурофарм Пелистер ја продолжува тенденцијата на потпишувањето договори со најталентираните играчи од младинските школи.
Уште еден играч доби договор на четири години од матичниот клуб, се работи за левиот бек Тео Спировски, кој ќе остане во Битола најмалку до 2029 година.
Тој мината година беше дел од тимот кој стана кадетски шампион, како и дел од тимот кој настапуваше на завршниот турнир во младинската Лига на шампиони.
Претходно битолчани ги продолжија договорите со браќата Атанасијевиќ до 2028 година, со Мирче Калајџиески до 2029 година, а професионални договори потпишаа и браќата Алдин и Мелин Фехми, Иван Велески, Илија Илијевски, Леонид Лозановски, Андреј Дамчевски, Стефан Лазаревски…