Еурофарм Пелистер го заврши настапот во ЕХФ лигата на шампионите со пораз од Барселона, 47-27 (24-15), задржувајќи го седмото место во групата,
а за битолчани ова е втора најуспешна сезона, со две победи и две ремија. Зад себе оставија три екипи кои имаат помалку освоени бодови, Колштад, Динамо Букурешт и Загреб.
Ако се прави рангирање според постигнатите бодови, првите 6 екипи продолжуваат понатаму, а последните две тука завршуваат. Од овие четири кои нема да продолжат Еурофарм Пелистер има најдобар биланс, 6 бода, и го освои 13 место во конкуренција на 16 екипи.
За Еурофарм Пелистер натпреварот немаше резултатско значење, освен престиж, но Барселона мораше да победи за да го потврди првото место, иако и тие имаа обезбедено директно место во четвртфиналето на ЛШ. Во ЕХФ се добива парична премија за секоја победа, па тоа им доаѓаше како „премија“ за овој „неважен меч“.
Сите погледи на Еурофарм Пелистер сега се насочени кон домашното првенство и Купот, и веќе во недела ги очекува големо македонско дерби, бидејќи го пречекуваат Вардар.
Во Барселона се беше решено уште во првото полувреме кога Шпанците поведоа со 24-15. Македонскиот шампион водеше трипати на почетокот со еден гол предност, последен пат 3-2. Па следеше пресврт, серија од 2-0 за Барселона, па уште една со која зголемија на 11-6. Покажаа дека сакаат се да решат побрзо, имаа постојано предност.
Откако на почетоко на второто полувреме ја раситнија„десетката“ и поведоа со 25-15 двоцифрената предност остана до крај. Убедливата предност одеше и дотаму што домаќините дојдоа на „плус 19“, а во 57 минта првата имаа и 20 гола плус.

























