Најталентираните млади ракометари на Еурофарм Пелистер, кои беа дел од младинската екипа која сезоната ја заврши како четвртопласирана во Европа добиваат професионални договори со клубот.
По Стефан Лазаревски и Андреј Дамчевски на долга верност со матичниот клуб се обврза и Леонид Лозановски.
Левото крило, кое беше избрано во идеалниот тим на квалификацискиот турнир за ЛШ во Букурешт, во следните четири години ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2.
Лозановски беше дел од шампионската генерација во кадетска и вицешампионската во младински конкуренција, како и дел од завршниот турнир на Лигата на шампионите за млади категории.