Битолчани ги чуваат своите бисери – договор за талентираниот Дамчевски

Најталентираните млади ракометари на Еурофарм Пелистер, кои беа дел од младинската екипа која сезоната ја заврши како четвртопласирана во Европа, добиваат професионални договори со клубот.

По Стефан Лазаревски на долга верност со матичниот клуб се обврза и Андреј Дамчевски.

Десното крило Андреј Дамчевски во следните четири години ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2.

Дамчевски беше дел од шампионската генерација во кадетска и вицешампионската во младинска конкуренција, како и дел од завршниот турнир на Лигата на шампионите за млади категории.