Новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 продолжува со формирањето на играчкиот кадар за наредната сезона.
Тренерот Александар Зарков во иднина ќе смета и на левото крило Стефан Лазаревски, кој доаѓа од младинскиот погон.
Лазаревски е дел од тимот што ќе игра на завршницата на Лигата на шампионите, а беше дел од кадетска екипа што стана првак на Македонија, како и од младинската што е вицепрвак.
Младото лево крило потпиша договор на четири сезони и ќе има шанса од септември да настапува во елитната конкуренција во Македонија.