Битолчани ги чуваат дијамантите: Браќата Фехми во Битола до 2029 година!

Двајца ракометари од младинската екипа на Еурофарм Пелистер ставија потпис на првите професионални договори со вториот тим на шампионот.

Голманот Мелин Фехми и левиот бек Алдин Фехми се обврзаа на договор до јуни 2029 година со Еурофарм Пелистер 2.

16-годишниот Мелин и 18-годишниот Алдин се веќе неколку години дел од семејството Еурофарм Пелистер. Овие момчиња се родени во Кичево, но во Битола добија шанса да играат ракомет на највисоко ниво за нивната возраст и истата ја искористија.

Со Мелин и Алдин во тимот, младинската екипа на Еурофарм Пелистер го освои четвртото место во првото издание на младинската Лига на шампиони.

Браќата Фехми уште од следната недела ќе му се стават на располагање на тренерот Александар Зарков и неговиот стручен штаб во подготовките за суперлигашката сезона на Еурофарм Пелистер 2.