Ракометната федерација на Македонија го избра градот домаќин за првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2026 во женска конкуренција што ќе се игра во Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција.
Дамите ќе играат против силната Словенија во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, град кој беше домаќин и на дуелот со Полска од баражот за СП 2025.
Овој натпревар е закажан за 19 октомври со почеток во 18:00 часот, а претходно избраничките на Кристијан Грчевски ќе одат на гостување во Германија.
Германската федерација ја избра „Швалбе Арена“ во Гумерсбах за домаќин на дуелот со Македонија, кој ќе се игра на 16 октомври со почеток во 19:30 часот.
Претходно во септември, РФМ во време на ЕХФ неделата ќе организира „Трофеј Македонија“ во Охрид каде покрај нашата селекција, ќе играат уште Египет, Тунис и Грција.