Утре со натпреварот меѓу актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и тимот на Кирил Лазаров ќе биде комплетирано 19. коло во суперлигашката конкуренција.
Натпреварот меѓу актуелниот шампион и „сино-белите“ од Автокоманда ќе биде последното дерби меѓу водечката тројка во регуларниот дел од натпреварувачката сезона.
Избраниците на Раул Алонсо ќе имаат голема поддршка од трибините во „Боро Чурлевски“, а од битолскиот клуб објавија дека салата е целосно распродадена.
Правдата на натпреварот во Битола ќе ја дели најдобрата домашна судиска двојка – Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, додека делегати ќе бидат Драган Начевски и Ацо Николовски.
Натпреварот е закажан за 18:00 часот, а по одиграниот меч ќе се знае дали ќе има промена на лидерската позиција.