Вниманието на ракометната и спортска јавност во недела ќе биде насочено кон Битола, каде што се игра најголемото македонско дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар во рамките на второто коло од плеј-офот во македонската Супер лига.
Со триумф на овој меч актуелниот првак Еурофарм Пелистер ќе се врати во битка за титулата сезонава и ќе ја намали негативата која е сега е четири бода.
Токму поради важноста на мечот, интересот кај навивачите е огромен. Билетите за натпреварот буквално „пламнаа“ за неколку минути, а салата „Боро Чурлевски“ е целосно распродадена неколку дена пред дуелот.
Големата пресметка меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар е закажана за недела со почеток од 19:00 часот, а правдата на теренот ќе ја делат Исмаил Металари и Ненад Николовски.
























