Еурофарм Пелистер 2 ја продолжува победничката низа во прволигашкиот плеј-оф, откако славеше против Младост Богданци со 35-25.
Битолчани поведоа со 3-0, и потоа само ја зголемуваа предноста и не дозволија во ниту еден момент домаќинот да се понадева на нешто повеќе на овој меч.
На паузата беше 17-12 за момците на Александар Зарков, a во вториот дел немаше многу возбудувања и беше јасно дека бодовите одат за Битола.
Петар Маркоски со десет гола беше најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер 2, а седум постигна Христијан Митревски.
Во составот на Младост Богданци се истакнаа Ѓорѓе Атанасов со осум и Стојан Наумовски со шест гола.
На табелата, лидер е Еурофарм Пелистер 2 со 26 бодови од 13 меча, додека втори се „витамините“ од Автокоманда со 23 но од 15 меча, а трета е Македонија Ѓорче Петров со 19 бодови исто така од 13 натпревари.