Откако го донесе првото засилување за претстојната сезона, Мартин Димов, тимот на Бисинов од Велес задржа двајца ракометари од составот што играше минатата сезона во прволигашката конкуренција.
Станува збор за десното крило Никола Димитров и за кружниот напаѓач Александар Стојменов, кои оставија добра сезона зад себе.
Димитров потекнува од битолски Пелистер, играше за вториот тим, беше дел од Вардар Јуниор, Работнички, Голден Арт, Младост Богданци, пред да се пресели во Велес.
Стојменов настапуваше за Вардар, играше и за вториот тим на Голден Арт пред две сезони, па замина во Бисинов. Има забележано настапи за младинската репрезентација на Македонија.
Бисинов минатата сезона без пораз го освои првото место во Првата лига и обезбеди историски пласман во елитната конкуренција.