Амбициозниот тим на Бисинов од Велес за вториот дел од сезоната го договори првото засилување.
Станува збор за довчерашниот ракометар на Аеродром, Виктор Трифуноски, кој беше меѓу најдобрите стрелци во скопскиот тим.
Трифуноски настапува на позицијата среден и лев бек и имаше значаен придонес за дебитантот во суперлигашката конкуренција.
Младиот ракометар потекнува од школата на Гостивар, а во својата кариера настапуваше и за младинските екипи на Вардар.
Бисинов на пролет ќе се бори за пласман во елитата и настапот во плеј-офот ќе го стартува со максимален број бодови, односно три.