Еден од најдобрите стрелци во составот на Радовиш, Зоран Стојановски, е второто засилување за новиот суперлигаш Бисинов.
Одличниот Стојановски по неколку сезони минати во Радовиш, Тиквеш и Голден Арт се враќа во родниот град, каде играше за Борец.
Велешани претходно се засилија со десното крило Мартин Димов, кој дојде од составот на Пролет, па одлично се покриени на крилните позиции.
Нови договори потпишаа голманите Никола Манев и Антонио Митревски, кои заедно со искусниот Славјан Паунов ќе го сочинуваат голманското трио.
Во Велес ќе остане и левиот бек Виктор Трифуноски, а од претходно договорите ги продолжија Филип Сиљанов, Илија Табаков, Никола Димитров и Александар Стојменов.