Охрид вторпат убедливо го совлада азербејџанскиот Баку, овојпат со 38-21 и се пласираше во третата рунда од ЕХФ Европскиот Куп.
На овој натпревар охриѓани играа со неколку поискусни ракометари и петмина младинци и кадети.
Шанса добија голманот Бојан Крстевски, левиот бек Илија Трајчески и левото крило Христијан Пупунцоски и целост ја искористија.
Охридските „бисери“ блеснаа во сиот сјај и имаа голема улога во триумфот. Трајчески даде пет гола, Пупунцоски два, додека голманот Крстевскки седум одбрани со 44% успешност.
Покрај нив тука беа уште двајца млади ракометари од охридската школа кои одамна се дел од првиот тим – Шипинкоски даде седум гола и Ристески додаде уште два.
Oхрид како на тренинг против Баку – со плус 50 во трето коло од ЕХФ Купот!