„Бисерите“ Атанасијевиќ до 2028 година во Еурофарм Пелистер

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер мисли на иднината и постигна договор за продолжување на соработката со двата репрезентативни „бисери“.

Петар и Павле Атанасијевиќ ги продолжија договорите до јуни 2028 година и својата иднина ја гледаат во Битола и во шампионскиот тим.

Со овој потпис клубот јасно покажува дека од прогресот и скокот од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер, сака браќата Атанасијевиќ да ги задржи и во нивното целосно созревање, заокружувајќи една деценија во зелено-белиот дрес.

Петар и Павле Атанасијевиќ имаат по 22 години и веќе можат да се пофалат со три шампионски титули и два Суперкупа на Македонија, а зад себе имаат и по неколку големи натпреварувања во дресот на македонската репрезентација.