Охриѓани работат со полна пареа – СРЦ „Билјанини Извори“ ќе блеска за европскиот предизвик

Амбициозниот тим на Охрид за неколку дена ќе ја стартува авантурата на европска сцена, поточно во Европскиот Куп. Охриѓани по пауза од седум сезони се враќаат во Европа, но сега имаат цел да постигнат забележителни резултати.

Клубот ги прави последните подготовки за натпреварот со романската Потаиса Турда, се постави нова „герфлор“ подлога на теренот, а за овој натпревар се очекува избраниците на Стевче Алушовски да имаат голема поддршка од трибините во СРЦ „Билјанини Извори“.

Популарните цени на влезниците, кои може да се купат ТУКА, треба да бидат гаранција за одлична атмосфера што ќе придонесе за уште подобра партија на ракометарите.

Продажбата на mktickets.mk ќе оди онлајн заклучно со денешниот ден, а останатите непродадени карти ќе се продаваат на билетарницата на 18 и 19 октомври до самиот почеток на натпреварот.

Натпреварот меѓу Охрид и Потаиса Турда е закажан за 19 октомври во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00 часот. Реваншот ќе се игра во Романија на 26 октомври со почеток во 17:00 часот, по што ќе се знае дали Охрид ќе продолжи во третата рунда од Европскиот Куп.

Се загрева атмосферата во Охрид – европски натпревар по седум сезони покрај езерото

Охриѓани ја стартуваат евро-сезоната, билетите се во продажба