Од денеска во продажба се билетите за Супер Куп натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и „сино-белите“ од Автокоманда.
Тие ќе се продаваат по цена од 150 денари во тобако Лени во Гевгелија, па навивачите од другите градови ќе немаат можност однапред да купат билети онлајн.
Актуелниот освојувач на трофејот во Купот и шампионот ќе се соочат во салата „26 април“ во Гевгелија.
Натпреварот е закажан на 4 септември, со почеток во 19:00 часот.
Претстојното издание на Супер Купот ќе биде седмо, а првиот натпревар се играше во 2017 година. Тимот на Вардар има четири трофеи, додека Еурофарм Пелистер има два што ги освои во 2021 и 2022 година.