Машката младинска репрезентација вчера го комплетираше тренажниот процес пред стартот на Мундијалот во Полска со победа над Јапонија во единствениот пријателски натпревар.
Организаторот на СП ги објави цените на билетите, а тие имаат популарна цена – 150 денари. Сите што сакаат да ги поддржат младите ракометари може да купат билети ТУКА.
Сите натпревари од групната фаза, но и од главната рунда ако обезбеди пласман, Македонија ќе ги игра во „Арена Сподек“ во Катовице.
Првиот натпревар е на 18 јуни против селекцијата на Фарски Острови од 14:00 часот, а во истите термини ќе играме против Романија и Исланд, на 19 и 21 јуни.