Најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра в недела во салата „Боро Чурлевски“.
Во рамките на 2 коло од суперлигашкиот плеј-оф, лидерот на табелата Вардар ќе му гостува на актуелниот првак Еурофарм Пелистер.
Билетите за овој дуел ќе бидат пуштени во продажба од утре од 13:30 часот онлајн ТУКА, но и на стандардните продажни места во Битола.
Вардар има 44 бодови на првото место, а Еурофарм Пелистер е втор со 40 и со триумф над „црвено-црните“ ќе се доближи на достижна негатива.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра на 15 март во салата „Боро Чурлевски“ од 19:00 часот.
























