Словенечката ракометна федерација и организаторот, ракометниот клуб Копер, информираа дека се уште има во продажба билети за натпреварот меѓу Словенија и Македонија.
За разлика од цената на стартот на продажбата пред месец дена, кога беа 12 евра, сега се продаваат по 15 евра.
Две третини од салата, односно околу 2.000 билети веќе се продадени, па нема дилеми дека ќе биде исполнета до крај, а салата „Бонифика“ во Копер има капацитет oд 3.000 гледачи,.
Интересот кај македонските навивачи е голем и избраниците на Кирил Лазаров ќе имаат голема поддршка од трибините во Копер.
Билетите за мечот што е закажан за 16 март во салата „Бонифика“ во Копер може да се купат онлајн ТУКА.
Словенија е прва на табелата во квалификациската група за пласман на ЕП 2026 со четири бода, Литванија е втора со два, исто колку што има и Македонија на третата позиција, додека Естонија е последна без бодови.